Два концерти во рамки на „Скопско лето“ вечерва во Музејот на македонската борба

Во рамките на Скопско лето, вечерва со почеток во 20:00 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт со наслов „Моцарт и кларинетот”. На концертот гости се ансамблoт на „Полифонија” – Јулија Хагер – пијано (Германија), Станислава Алаѓозовски – виолина (Србија), Сашка Стојановиќ – Крстиќ – виола (Србија) и Кирил Калмиков – виолончело (Канада). Од домашните уметници вечерва дел од оркестарот се Бранко Павловски – кларинет и Сања Шуплевска – виолина.

Еден час подоцна, во 21 часот, ќе се одржи уште еден концерт на дуото „Хагер-Калмиков“, односно Јулија Хагер – пијано (Германија) и Кирил Калмиков – виолончело (Канада). Концертот е во соработка со уметничкиот центар „Полифонија“.

Концертите ќе се одржат согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници по цена од 200 денари, информираат организаторите.

Претходна вестКој ги лаже учениците?
Следна вестНаставната година заврши, проблемите останаа