Вечерва во МОБ се отвора „Скопско лето 2021“

„Од оркестарот за публиката” – Опера без зборови, е насловот на концертот со кој вечерва во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021″.

Диригенти на отворањето се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а од МОБ најавуваат дека се ќе тече според протоколите за заштита од ковид 19.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот, а билетите се во ограничен број.

Претходна вестСе отвара конкурсот за просторот кај „Треска“, не се знае кој може да учествува
Следна вестНивниот брат, не е и наш брат!