Можен е нов бран од новата мутација која е уште позаразна

Министерот за здравство Венко Филипче не исклучува дека по сегашното затишје, можно е да имаме нов бран, нов силен притисок врз болниците, со нова мутација која може да биде позаразна од сегашната.

-Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки, изјави Филипче.

Но, за да не заштитат вакцините, треба и да ги имаме, нели?

Претходна вестМоже да здивнеме: Еден починат и само четири нови заразени
Следна вестВо Грција од денеска може и со брз тест, не мора ПЦР