Во Грција од денеска може и со брз тест, не мора ПЦР

Од денеска македонските државјани може да ја преминат границата со Грција и со брз тест не постар од 48 часа.

За ова Министерството за внатрешни работи добило известување од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“.

Според измените во протоколот за влез во Грција, од денеска освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за ковид-19 не постар од 48 часа.

Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или ПЦР тест. Задолжиттелно со ова е и електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr.

Како и досега, преминот „Евзони“ е отворен од 6 часот наутро до 22 часот навечер по наше време.

Претходна вестМожен е нов бран од новата мутација која е уште позаразна
Следна вестДа можеше да се скија по празни ветувања, Пелистер ќе ги надминеше Алпите