Ги нема странските инвеститори, не слушнале ли дека Шекеринска седна на столчето во НАТО?

Што се случува со странските инвестиции во Македонија, зошто не растат туку остануваат на ниско ниво споредено со земјите во регионот? Каде се странските инвеститори за кои добивавме уверувања дека ќе дојдат? Вакво прашање се наметнува откако во јавноста беа споделени информациите за тоа дека во првиот квартал од годинава вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од само 25,7 милиони евра. Тоа е сигнал дека и до крајот на годината не може да се очекува некое значително подобрување и дека износот ќе биде полош и од ланската лоша година. Минатата година во Македонија влегле само 274 милиони евра странски инвестиции, пари од кои дел се и реинвестиции на веќе постоечки капацитети. Прашањето го актуелизира и опозицијата.

Наспроти тоа во истиот период во Србија влегле 3.44 милијарди евра странски директни инвестиции, или 15 пати повеќе од Македонија. Србија има 3 пати повеќе население од Македонија и нормално е нивото на инвестиции да е поголемо од 2-4 пати, но во ситуација кога истото е 15 пати, тогаш е очигледно дека владата е дебакл. Македонија е на дното на регионот по влез на странски инвестиции. Пред нас е и Црна Гора, која е три пати помала држава по население, а има дупло повеќе странски инвестиции во висина од 529 милиони долари. Пред Македонија е и БИХ со 371 милиони евра странски директни инвестиции, а далеку пред нас се Хрватска со 1.3 милијарди евра и Албанија со 1.1 милијарда евра странски директни инвестиции, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Износот на странски инвестиции во 2019 година бил 326,3 милиони евра, во 2018 година   624,49 милиони евра, 2017 година  181,73 милиони евра, 2016 година  338,43 милиони евра, 2015 година  216,72 милиони евра… Ваквиот тренд, очигледно, е различен од она што го кажуваа актуелните функционери кои ја убедуваа јавноста дека само треба да го смениме името на државата и да влеземе во во НАТО и тоа ќе донесе и нови инвестиции.

– Со НАТО ќе донесеме рекорден број странски инвестиции, изјави во јуни минатата година вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Три месеци пред тоа Македонија стана полноправна членка на Алијансата, но тоа не помогна крајот на годината да донесе нови инвеститори. Премиерот Заев постојано најавува нови инвестиции, дури и во милијарди евра, но тие никако да стасаат.

Еве и пандемијата стивна. Сега останува да се види ќе има на граница ред од инвеститори или сега тие ќе се плашат од вирусот на корупција, нестабилниот правен систем…

Претходна вестРеакциите на граѓаните ги спасија дрвјата на Кејот „13 Ноември“ од бетонирањето
Следна вестЗошто Марин не одговара на опозициските обвинувања за потрошени 5 милијарди денари?