Шар Планина стана национален парк, но ќе успееме ли да ја сочуваме?

Со изгласувањето на законот за прогласување на македонскиот дел од Шар Планина за национален парк државата го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето.

Вкупната површина на паркот е 62.705 хектари, од кои 26,5 % е во зоната на строга заштита, 49,06 % во зоната на активно управување и 22,02 % се во зоната на одржливо користење. А предвиден е и една заштитен појас на Попова Шапка, со што ќе се овозможи одржлив развој на овој туристички центар.

Во согласност со законот, Владата ќе треба да основа јавна установа национален парк во рок од 3 месеци, од неговото стапување во сила. Управувачката структура и начинот на функционирање ќе биде ист како и кај сите други национални паркови во државата уредени во Законот за заштита на природата – ќе се воспостави ренџерска служба, при што опцијата е тоа да се искусните кадри од подрачните единици на „Национални шуми“  што работеле во Тетово и Гостивар како стручни лица што најдобро го познават теренот.

Kонкретните забранети и дозволени активности во подрачјето ќе се уредат во Планот за управување, кој се носи во рок од една година од донесувањето на законот и за кој веќе се обезбедени средства и меѓународни експерти од Меѓународната унија за заштита на природата IUCN преку Програмата за заштита на природата на Обединетите нации. Тие веќе работат на терен, со локалното население, со економските субјекти, со цел изнаоѓање на најдоброто решение, информира министерот. Нагласи дека процесот на донесување на Планот за управување исто така предвидува јавни расправи и ќе биде обезбеден инклузивен и транспарентен за сите засегнати страни.

Министерот за животна средина Насер Нуредини признава: Изгласувањето на овој закон е првиот чекор со кој тргнуваме во вистинскиот правец, но работата за заштита на природата и обезбедување социо-економски развој и подобрување на животот на локалното население допрва почнува.

 

Претходна вестДојде ли крајот на прегласната музика во Центар – инспекторите на терен ќе мерат колку ечи
Следна вестОпштини застанати во шалтерско време, како ли ќе помогнат во дигитализацијата на учебниците?