Општини застанати во шалтерско време, како ли ќе помогнат во дигитализацијата на учебниците?

Општините не се информатички подготвени за давање на електронски услуги на жителите на нивните општини. Ова го покажало истражувањето на Државниот завод за ревизија. Единствено Карпош се издвоила со најголема ИТ услужна дејност кон своите жители.

Поразителни се податоците на ревизорите во однос на необезбедувањето на услуги по електронски пат кај речиси сите општини, а две општини имаат и целосно недостапни веб портали.

Ако ова е вака во однос на електронските комуникации со општините, односно граѓаните не добиваат сооодветен и рамноправен третман, тогаш прашањето е како овие општини ќе обезбедеа таблети, интернет, компјутери за секое дете, за т.н. дигитализација на учебниците? Што да се очекува од општини кои не мрднале од мртвите точки во однос на ИТ услугите кон сопствените граѓани?

Колку за потсетување, министерката Мила Царовска неколку пати повторуваше дека општините ќе им обезбедат на учениците електронски уреди. Но, никогаш никој од градоначалниците не одговори дали воопшто имаат спроведено некакво истражување на колку семејства им е потребна помош односно колку деца на нивните територии немаат интернет или компјутер.

Претходна вестШар Планина стана национален парк, но ќе успееме ли да ја сочуваме?
Следна вестПочнува тримесечниот мултимедијален фестивал PRESPALAND 2021