Почнува тримесечниот мултимедијален фестивал PRESPALAND 2021

Викендов во Преспа почнува првиот мултимедијален фестивал посветен на овој дел од Македонија, PRESPALAND 2021.
Историјата и традицијата на регионот ќе биде прикажана на различни начини, концерти и други изведби.

Станува збор за 3 месеци на одржување на едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.

-За овој период, во континуитет со 11 настани ќе посетиме 6 села, ќе поминеме 200 километри во природа и ќе разубавиме 11 локации, велат организаторите.

Претходна вестОпштини застанати во шалтерско време, како ли ќе помогнат во дигитализацијата на учебниците?
Следна вестЧудото на источна Македонија: Автопат завршува во „уличка“ полна дупки, преправки-поправки…