Предизборно будење на општините, баш сега прават улици, сали, занимални

Општините предизборно се разбудија, па само во еден ден излегоа неколку фалби за тоа што сработиле. Па така, на пример Центар, објави дека почнува со нова инвестиција од еден милион денари и по повеќе од 20 години ќе ја реконструира улицата „Светиниколска“ во Маџир Маало. Токму сега пред избори општината се реши, а мандатот на градоначалникот траеше 4 години.

Аеродром пак се пофали со спортско игралиште во основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Уште една сосема очекувана работа која не е надвор од вообичаените обврски на општината, па за неа да се информира преку портали.

Карпош пак се пофали со уште една направена занимална во рамки на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, во која ќе бидат згрижени неколку деца повеќе.

И улицата, и спортското игралиште, и занималната, се инвестиции во опис и попис на функцијата градоначалник односно општина, па се подразбира дека ќе бидат направени. Оттука зачудува нивното промовирање преку медиумите, додека пак за сериозни бенефиции за општините како и некакви реални покрупни проекти со кои ќе се подобри живеењето – не слушаме. Згора на тоа, скопјани ги револтира и фактот што дури и она што им е итна обврска за санирање, општините ја прават непосредно пред избори. Си го чекаат датумот. Зарем не се веќе прочитани?

Претходна вестТешко повредено дете на велосипед – го удриле со автомобил
Следна вест„Смртта на Дантон“ вечерва на „Скопско лето“