„Смртта на Дантон“ вечерва на „Скопско лето“

Вечерва со почеток во 20.30 часот во Центарот за култура Кисела Вода – КВК кино ќе биде изведена претставата „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер во режија на Андреј Цветановски. Продукцијата на претставата е на Домот на културата КВК Скопје во соработка со Театар Фабрика.

– „Револуцијата ги јаде своите деца!“ – ова е најпознатиот цитат на драмата на големиот Бихнер. Во времето на национал-романтизмот еден млад студент да пишува за што се случува по Француската револуција е многу храбро и со ова драмско писмо Бихнер се соочува со многу критики, особено ако се земе предвид дека тоа е првата социјална револуција, наведува организаторот во најавата за претставата.

Улогите ги толкуваат Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Александар Михајловски, Ане Блажовски, Наталија Теодосиева, Марија Кондовска, Кристина Гиева.

На програмата „Кафе кино“, пак, од 20.30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката ќе биде прикажан шпанскиот филм „Збогум морони“, снимен во 2020 година по сценарио и режија на Алберт Дупонтел.

Претходна вестПредизборно будење на општините, баш сега прават улици, сали, занимални
Следна вест13 нови заразени од Тетово и Скопје, нема починати