Општина Аеродром соопшти дека „во завршна фаза е изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче“.
-Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето, туку ќе се реши и деценискиот проблем, со што конечно ќе може да се укине третата смена во наставата, изјави градоначалникот, Златко Марин.
Ако е вака, очекувањата се дека од септември децата ќе можат да им се израдуваат на новите услови. Но, дали само во „Лазо Ангеловски“? Што бидна со најавеното „Димитар Македонски“ уште од почетокот на владеењето на Марин? Овие прашања на аеродромци произлегуваат од скептицизмот во врска со локалната власт, која за ова училиште даде неколку најави и ветувања, ама уште не се исполнети.
И последната информација од општината за „Димитар Македонски“ е пак само најава дека „наскоро ќе се заврши изградбата“.
Колку за потсетување, претпоследното соопштение на градоначалникот Златко Марин е во октомври 2020, кога рече дека „по средбата во Министерството за образование и наука, се интензивира изградбата на училиштето „Димитар Македонски“.