Проекција на концерт на Раде Шербеџија во Кинотека

Продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ во Кинотека на Македонија, па утре, со почеток во 20.30 часот се проектира концертот на „Раде Шербеџија & Западни колодвор бенд @ ХНК Загреб“.

-На овој концерт Шербеџија, заедно со бендот „Западни колодвор“ изведе 21 песна, меѓу кои и култната „Не дај се Инес“ на Арсен Дедиќ, потоа „Остала си увијек иста“, „Чекај ме (Сеќавање на Есенин)“, „Барбара“, „Имам пјесму за тебе“, „Не марим да пијем“…, како и „Мени се душо од тебе не растаје“, создадена од перото на Џони Штулиќ, наведуваат од Кинотеката.

Концертот во ХНК беше одржан на 3 ноември 2019-та. А доколку во четврток заврне, настанот од летната сцена на Кинотека се преселува во внатрешноста на оваа установа. Влезницата е 100 денари.

Следниот четврток, на 22-ти јули, во рамките на циклусот ќе биде емитуван концертот на Амира Медуњанин во пулската Арена.

Претходна вест„Лазо Ангеловски“ ќе добие нови училници, „Димитар Македонски“ било само ветување
Следна вестБоки 13 читаше смс пораки, ќе ја изземе ли судот Русковска?