Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го освои 38. место во квалификациите на трката на 400 метри на Олимписки игри во Токио.
Тој патеката ја помина за 46.81 секунда што е негов личен рекорд, но недоволно з апласман во полуфиналето.
Во оваа дисциплина се појавија вкупно 48 атлетичари.
Од Македонците, до крајот на Олимпијадата треба да настапат уште Пулексенија Јовановска (карате, кати) на 5 август и Могомедгаджи Нуров (борење слободен стил, 97 кгр.) на 6 август.