Крадци нападнале полицајци кога биле фатени како ограбуваат менувачница во Чаир

602

Две лица од Скопје се приведени за тешка кражба во менувачница, како и за напад на полицаец.

На 29.07.2021 околу 01.45 часот, полициски службеници од Полициска станица Чаир ги затекнале двете лица непосредно по извршување на кривичното дело „тешка кражба“ во менувачница во трговски центар на подрачјето на Чаир и при обидот да бидат фатени, Б.Р. физички нападнал полициски службеник.

По преземени мерки и активности на 30.07.2021 А.М. и Б.Р. биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив, тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.

Претходна вестНашиот атлетичар Јован Стојоски 38-ми во квалификациите на 400 метри во Токио
Следна вестДури 158 сообраќајни казни во Скопје вчера – пребрзо возење и пијани возачи