Нашиот атлетичар Јован Стојоски 38-ми во квалификациите на 400 метри во Токио

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го освои 38. место во квалификациите на трката на 400 метри на Олимписки игри во Токио.

Тој патеката ја помина за 46.81 секунда што е негов личен рекорд, но недоволно з апласман во полуфиналето.

Во оваа дисциплина се појавија вкупно 48 атлетичари.

Од Македонците, до крајот на Олимпијадата треба да настапат уште Пулексенија Јовановска (карате, кати) на 5 август и Могомедгаджи Нуров (борење слободен стил, 97 кгр.) на 6 август.

Претходна вестСе чека само на Богородица
Следна вестКрадци нападнале полицајци кога биле фатени како ограбуваат менувачница во Чаир