Темен режим Режим на светлина

Дури 158 сообраќајни казни во Скопје вчера – пребрзо возење и пијани возачи

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 158 мерки, во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот.

Како што соопштија од МВР, меѓу мерките 59 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци на возачи на мотоцикли.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Крадци нападнале полицајци кога биле фатени како ограбуваат менувачница во Чаир

Следна објава

Зелен хуман град: Понижувачко е пазарењето за потписите за независните