Нови 37 заразени со ковид, вкупно активни има над 620 лица

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти и нема починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627, од кои 195 во Скопје.

Претходна вестСледуваат многу топли денови, граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран
Следна вест(ВИДЕО) Во Бардовци се гради прифатен центар за странци, а не за мигранти – но има ли тоа некој да им го каже на жителите?