Казнети 204 пешаци – најмногу за преминување улица надвор од пешачки премин

Полицијата казни 204 пешаци, од кои најмногу за небезбедно преминување улица.

-На територијата на целата држава денеска беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 204 мерки, меѓу кои 169 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, 17 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, 9 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, 6 за некористење тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците, велат од МВР.

 

Претходна вестМЗ: 32 отсто од полнолетните во земјава примиле барем една доза вакцина
Следна вестЗапалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион