Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион

Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, а се уште гори во Чучер Сандево во Скопје, поточно во селото Побожје, каде што се запалени три куќи. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка.

Ваква е состојбата со пожарите до 16 часот.

Од останатите места, пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е се уште активен и во текот на денешниот ден, во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство.

Во 14.45 минути истиот пожар е проширен кон сртот на ловиштето Јасен.

Активен е пожарот во Петровец село Дивље м.в. Крушје, но со намален интензитет. И таму се уште на терен се претставници од АРМ, ППБ  од Град Скоопје, ШС Караџица и месно население.

Пожарот во Прилеп, Топлица е активен кон селото Крстец. На терен се претставниците од ШС Црн бор од Прилеп и претставници на ДЗС.

Активен е пожарот и во Агино село, кој избувна околу 12.30 часот каде гори сува трева и стрништето.

Од 15 часот повторно е активен и пожарот кај Македонски Брод, кај селото Слатина. На терен се претставници од ТППЕ Македонски Брод, од МВР, месно население. Патниот правец Македонски Брод кон Самоков во моментов е во прекин.

Пожар со помал интензитет има и во прилепскиот регион кај селото Средорек, меѓутоа како што рече Милкова, тој се држи под контрола и се надеваат дека за кратко време истиот ќе биде локализиран.

Претходна вестКазнети 204 пешаци – најмногу за преминување улица надвор од пешачки премин
Следна вестПретпладне сончево, попладне дожд