Керол Ен Дафи, поетеса од Велика Британија е лауреатот на овогодинешните „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) кои ќе се одржуваат од 26 до 30 август.
Таа ќе присуствува преку видеообраќање, додека фестивалот ќе се организира со физичко присуство на домашните поети и на најголемиот дел од поканетите учесници од странство. Иако беше првично најавен како специјален гостин на јубилејното издание на СВП, минатогодишниот лауреат Амир Ор од објективни причини беше принуден да го одложи своето физичко присуство за следното издание, објаснуваат организаторите.
Тим на СВП го подготви дизајнот на годинешното издание кој е претставен на социјалните платформи на СВП заедно со најавите на учесниците.