ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници – најинтересно е за Куманово

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници, или досега вкупно 44, заедно со 25-темина кои ги објави пред неколку дена: актерот Тони Михајловски за Куманово, Александар Стојковски за Ѓорче Петров, Дарко Костовски за Бутел, Жарко Ристески за Македонски Брод, Дејан Владев за Свети Николе, Димчо Атанасовски за Македонска Каменица, Елеонора Рашковска за Берово, Зоран Здравески за Чашка, Маријан Миленковски за Пробиштип,Миле Петков за Виница и Александар Китански за Пехчево.

Од опозициската партија претходно објавија кандидати за градоначалници за 25 општини, меѓу кои и за уште една скопска општина Центар, Наташа Котлар, професор во Институтот за национална историја.

Ниту на оваа ниту на претходната листа го нема името на кандидатот или кандидаткат која ќе му се спротивстави на актуелниот градоначалник кој повторно ќе биде кандидат на владејачката атија. Се споменува името на претседателката на ССК, Данела Арсовска, но никој засега не потврдува тоа.

СДСМ досега објави имиња на 35 кандидати за градоначалници, главно тоа се актуелните, а деновиве и јавен повик за самокандидирање за советничките листи.

Претходна вестУгостителите и туристичките работници до Владата: Сменете ги мерките, ќе пропаднеме
Следна вестОд утре секој може да провери дали го има во Избирачкиот список