Од утре секој може да провери дали го има во Избирачкиот список

Јавниот увид на Избирачкиот список за локалните изборите ќе започне утре и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци во Избирачкиот список што ќе се користи на денот на изборите.

Во овој рок граѓаните треба писмено да го достават барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии, е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страницата на Државната изборна комисија – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.

Во меѓувреме, од 16 август тече собирањето потписи за поднесување независни кандидатски листи. Собирањето потписи во подрачните канцеларии на ДИК ќе трае до 30 август до 24 часот.

Според ДИК досега се собрани потписи за 4 независни советнички листи: листата на кандидати за советници за Општина Центар, со носителот Јана Белчева-Андреевска, советничката листа за Општина Кавадарци со Петар Камчевски, советничката листа за Општина Росоман со Ристо Сакалиев и советничката листа за Општина Кочани со носителот Аки Акиев.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници – најинтересно е за Куманово
Следна вестИ вакцинираните заболуваат, одат во болница и умираат, но тој процент е драстично помал