До 9 септември може да се проверува Избирачкиот список

Од денеска па до 9 септември граѓаните ќе можат да вршат јавен увид во Избирачкиот список со цел да видат дали се уредно запишани во него. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска на увид ја става новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.

Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици.

До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Претходна вестОблачно и нестабилно, повремен пороен дожд
Следна вестПризнаениот дигитален сертификат не важи за руската и кинеската вакцина