Од Кабул синоќа се вратија 31 македонски државјанин, на транспорт чекаат уште 58

Вкупно 31 македонски државјанин синоќа простигнаа на скопскиот аеродром откако беа евакуирани од авганистанската престолнина Кабул. Претходно, тие беа префлени од Кабул во Доха. Овие лица кои главно работеа на сервисирањето на воената база беа пречекани од членовите на нивните семејства. Тие изјавија дека по повлекувањето на трупите на НАТО во Авганистан биле затворени во база и немале директен контакт со она што се случува во градот кој го презеле талибанските воени сили.

Транспорт до Македонија чекаат уште 58 лица кои сега се наоѓаат во Лондон, Катар и Осло.

Претходна вестОд утре ќе се издаваат нови лични карти
Следна вест180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење