Нема план и препорака засега за ПЦР-тестирање на учениците од 1 септември кога ќе се отворат училиштата, како што прават некои земји во Европа кои ги тестираат бесплатно трипати во неделата.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека прибираат искуства од некои европски земји и ќе анализираат оваа недела и вели сè што може да значи дополнителна заштита на здравјето, ние ќе го воведеме. Меѓутоа, мора да бидат сигурни дека сето тоа што ќе го донесет навистина ќе биде ефективно односно ќе даде некаков резултат и од тоа да се извлече некоја поука.
Она што не објасни министерот Филипче е што се анализира и дали тоа значи дека они европски земји кои воведуваат тестирања на учениците дури и три пати неделно, донеле избрзани одлуки, нешто неефикасно?!
Во однос на поуките, се надеваме дека нема да биде онаа дека повторно сме закасниле со мерките.
Според МОН, ќе се следи епидемиолошката состојба и препораките од Комисијата за заштита од заразни болести и доколку се влоши и се зголеми ризикот за ширење на заразата, подготвени се веднаш да го променат моделот на настава односно да ги применат двете резервни сценарија.