Кој се живее меѓу нас: Се обиделе да ги пресечат цевките за довод на кислород во тетовската болница

Само среќа ги спасила 120 пациенти со ковид во тетовската болница, меѓу кои има многу што се во тешка состојба, откако некој ноќеска ги оштетил цевките со кои Клиничката болница се снабдувала со кислород. Она што е среќа е дека била оштетена само една помошна цевка од системот за снабдување со кислород, и една цевка наменета за довод на азотен оксидол.

-Изутринава во 7 часот и 20 минути, во СВР Тетово пријавено е дека ноќеска во кругот на тетовската Клиничка болница со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Двете цевки ги снабдувале операционите сали во новиот објект, кои сè уште не биле во функција. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид. Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени. Се расчистува и документира случајот, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Клиничката болница во Тетово е една од ние која е најоптоварена со пациенти, поради зголемениот број заболени во овој град и околината. Таму има околу 120 пациенти, голем број се во тешка здравствена состојба. .

Претходна вестУчениците од 1 септември ќе одат во школо на „ура“ – не се планира да се тестираат, ќе се анализирало
Следна вестСите што ќе дојдат тука од Авганистан ќе бидат до 90 дена, никој не побарал азил