Ужасен ден: 32 починати лица – меѓу нив на 32, 45, 47, 48 години

Триесет и две лица починаа како последица од ковид во изминатото деноноќие, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од нив 8 починати лица од Скопје (52г,54г,58г, 61г,67г,68г, 75г, и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г,47г ,48г,61г,67г и 74г), и Тетово (54г,57г, 60г,72г,74г и 78г), 3 од Куманово (52г,71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).

Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице се починати во болнички услови.

Како што може да се види од податоците, меѓу починатите има лица на 32 години, на 45 години, две на 47 години, на 48 години…

Во последните 24 часа се направени 7 084 тестирањe, а регистрирани се 1 210 нови случаи на ковид-19:

Скопје – 464, Тетово – 177, Гостивар – 112, Куманово – 98, Струмица – 55, Кичево – 48, Битола – 32, Струга – 29,Кавадарци – 26, Радовиш – 15, Велес – 14, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13, Прилеп – 12, Делчево и Кратово – по 11, Македонски Брод – 10, Свети Николе – 9, Дебар и Виница – по 7, Неготино – 6, Берово – 5, Штип, Валандово и Богданци – по 4, Македонска Каменица – 3, Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Демир Капија  – по 1.

Регистрирани сe 451 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769, од кои во Скопје 4.150.

Претходна вестПолицијата за првпат ќе го обезбедува изборниот материјал и терминалите
Следна вестЗаглавени во политиканство забораваме што е вистински спас за Охридското езеро