Вечер, во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, почнуваат Деновите на германски филм. Ќе траат до 4 септември, а влезот е дозволен само со доказ за вакцинација против Ковид 19 со барем една доза или доказ за прележаност пред 45 дена.
Филмските денови ќе траат до 4 септември. Вечерва се емитува „Берлин Александерплац“, утре ќе биде прикажан „Кожурец“, на 3 септември публиката ќе може да го види „Рока го менува светот“, додека на 4 септември е пакетот кратки неконвенционални, автентични филмови „Short Export 2021“.