Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто – домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој денеска беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15 проценти, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Исто така, покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15 отсто од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува -1,9 проценти. Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5% споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14%. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика, велат од партијата.Тие коментираат дека згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објавил и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а предвремената објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими.