Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски признава дека има случаи кога попишувачите се одбивани, но смета дека се незаначителни, поради што нема да има ниту санкции за тие граѓани. Ќе одат на варијанта да рразговараат и да ги убедат да соработуваат.
Ова и негативната кампања против попишувањето, според Симовски се единствените проблеми со кои се соочува процесот на оваа статистичка операција. Но, за среќа се е тоа во мал процент.
– Сведоци бевме и вчера на изјави на една политичка партија, токму насочени кон тоа да се попречи спроведувањето на пописот. Меѓутоа, добрата работа е што граѓаните не наседнуваат на оваа кампања и самите податоци го покажуваат тоа, изјави Симовски.
По техничките проблеми со апликацијата на саиот почеток на пописот, Симовски веќе не очекува такво нешто.
Пописот започна на 5 овој месец и веднаш уште втриот ден падна апликацијата, а потоа се до вчера се одвиваше во помал размер, поради, како што објаснија од ДЗС, ттехнички интервенции.