(ФОТО) Седум месеци Град Скопје замижува пред дупката на плоштадот

На точно еден месец од локалните избори, Скопје е претворено во градилиште. Овие денови затворена за сообраќај е улицата… овој викенд затворен за сообраќај е оној булевар… Речиси нема ден да помине без ваква вест. Но, не е првпат да бидеме сведоци како локалните власти одеднаш добиваат желба да се истакнат и тоа редовно пред избори.

Така е и со скопскиот градоначалник. Речиси секојдневно е на некоја локација каде или отвора пат, или најавува некоја комунална инвестиција.

Но, едно нешто веќе седум месеци боде очи на сите оние кои топлите летни вечери ги минуваат на плоштадот – дупката на некогашната подна фонтана каде во март пропадна возило-чистачка.

Сликата е ваква каква што ви ја пренесуваме: има две дупки, од кои поголемата е „обезбедена“ со некаква си пластика која би требало да предупреди некој од граѓаните дека има дупка. Другата пак, си стои така отворена и може да се „скенира“ целиот систем внатре.

И не е проблем ако дупката е тазе, а на властите им треба време да ја поправат. Оваа дупка тука стои седум месеци.

Ние и претходно ги потсетивме властите уште првиот меец дека дупката која зјае како кратер е потенијална опасност, но и грда слика за местото на кое прво доаѓаат туристите.

Се работи ли за поголемо оштетување, за недостиг на одредени делови или, пак, за потребата да се распише и јавен тендер за ваква поправка, не е познато.

Еве шест месеци потоа пак прашуваме: Има ли некој намера да ја затвори? Макар и како предизборен потег.

 

 

Претходна вестПовторно висок број починати -29, нови 561 заразени
Следна вестОсвежи – викенд со дожд и пониски температури