Освежи – викенд со дожд и пониски температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температути, информираат од УХМР.

Претходна вест(ФОТО) Седум месеци Град Скопје замижува пред дупката на плоштадот
Следна вестДелови од Центар, Сарај, Кисела Вода, Чучер-Сандево денеска по неколку часа без струја