Министерството за здравство попладнево соопшти дека на Клиниката за детска хирургија во Скопје починало двегодишно дете.
Во соопштението стои дека детето пред 5 дена било донесено на Клиниката во тешка состојба – -изгладнето и дехидрирано, а од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба.
-Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен, се вели во соопштението.
Од МЗ велат дека детето имало долга историја на болести.
-Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања, пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции, тоа имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата за што се направени повеќе хируршки интервенции. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување, ввелат од МЗ.
Случајот е пријавен до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје.