Вчера, полицијата само во Скопје напишала 184 казни за сообраќајни прекршоци.
Најголем број од казните 39 се за пребрзо возење, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, велат Министерството за внатрешни работи.
Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 50 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека ваквите засилени сообраќајни контроли продолжуваат и затоа граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи чија цел е да се зголеми безбедноста во сообраќајот.