Се тресеше во Албанија, но се почувствува и во југозападна Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 километри југозападно од Скопје.

-Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија сеизмолошките служби.

Претходна вестРегистрирани 554 нови случаи на Коронавирус, пријавени се 17 починати лица
Следна вестНема повредени, но стариот објект кај адвокатската улица е пеплосан