Пописот во Македонија влегува во завршна фаза. Надлежните институции уверуваат дека се тече според планираното и пописот ќе заврши успешно. Но, така не мисли лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев. Тој денеска преку социјалните мрежи наведува примери со кои го потврдува токму спротивното. Во продолжение ви го пренесуваме неговиот напис во целост:
– Еве како иде неуспешното фалсификување на ПОПИСОТ (инфо од прва рака, од нашите инфилтратори на терен):
1.На пет дена пред крајот на Пописот, скопските општини се само половично попишани (во бојкотот дефинитивно води општина Аеродром), каде цели згради одбиваат да се попишат – види видео во коментар.
- Луѓе кои биле во странство и оттаму се попишале (во април), сега се вратени во МК и пак се попишуваат втор пат – системот не ги дава како попишани!?
- Човек се попишал во Австрија, сега од дома – жена му го повторно го попишува како да е тука (системот не го дава дека е двојно попишан)!?
- Фамилија иселена во Швајцарија пред неколку години – маж, жена и две деца – дедото ги попишува дека се тука (системот не ги дава дека се веќе попишани)!?
- Планот за фалсификување на пописот дефинитивно им е пропаднат! Немаат време ни да се закануваат со казни, ни да ги пишуваат (оти така ќе признаат дека стотици илјади Македонци одбиле да се попишат). Во недоумица се што е најпаметно да направат за да не се избламираат – па гледаат само провизорно да го „покријат“ теренот со попишувачи кои ги шетаат и по други градови. Затоа и ги отворија овие т.н. локални пунктови за поишување надвор од дома, кои немаат никаков ефект.
- Планираат подоцна, од вака скрпените податоци, истите да ги пополнуваат вештачки – преку разни регистри и застарени „бази на податоци“! Но, тука им се јавува еден огромен проблем – им фалат личните изјаснувања (за јазик, припадност, религија и сл.), па добиле инструкции од раководните луѓе на ДЗС буквално да ги фалсификуваат на своја рака – за што, накнадно, ќе си одговараат кривично.
НАРАВОУЧЕНИЕ: Пописот 2021 го прогласуем за умрено, напишал Апасиев.