Од утре почнува вакцинацијата со трета доза против коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести со потврда од утре ќе можат да примат трета доза вакцина против ковид -19.

„Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат, притоа таа порака ќе биде потсетување во смисла дека нема посебен термин или пункт, може да одат каде било најблиску до местото на живеење. И понатаму ќе функционира пунктот во салата „Борис Трајковски“, во сите други поликлиники тука во Скопје и ширум државата“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање, за скринингот во училиштата министерот Филипче рече дека најверојатно ќе започне за две недели.

Претходна вестАпасиев: Цели згради во Аеродром одбиваат да бидат попишани
Следна вестРегистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица