Се преврте чамец во Козјак, се трага по маж кој потонал во езерото

Педесет и петгодишен маж (Б.Л.) потона во водите на езерото Козјак, откако се превртел чамецот на кој ловел риба.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот, информираат од полицијата.

Мажот бил во друштво на уште едно лице (А.Д.) кое го пријавило случајот.

„А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото“, велат од МВР.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на рибарот и за расчистување на случајот.

Претходна вестШкендија само со реми во Струга, Ренова на врвот на табелата
Следна вестВетувањата „да дојдам на власт и депониите ќе ги нема“ не проаѓаат, сегашниве ви горат!