Темен режим Режим на светлина

Од граѓаните и кафеаните зависи дали ќе се олабават рестрикциите

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комисијата за заразни болести.

-Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мерките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод Светскиот ден на туризмот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

Дизелот поскапува од полноќ, бензините поевтинуваат

Следна објава

Фон дер Лајен и Вархеји неделава кај нас - се засилува ангажманот на ЕУ во спорот со Бугарија