За 24 часа, починаа 12 лица и едно од пред два дена – 112 нови заразени

Во последните 24 часа починале 12 лица, а од направени 1.726 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19.

Освен 7 починати лица од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г), во денешната статистика е запишано уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.

Од новите случаи, во Скопје се 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 419 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017, од кои 5.629 во Скопје.

Претходна вестДве Македонки во Врање: Зеле потврда, а не примиле вакцина – фатени се на Прешево и казнети со по 500 евра
Следна вестУтре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа фон дер Лајен