Утре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа фон дер Лајен

Во Скопје утре и задутре ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

В среда пак, во земјава доаѓа еврокомесаарот за проширување Оливер Вархеји.

Фон дер Лаен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан, почнувајќи од Албанија и Македонија.

Шефицата на Европската комисија ќе го посети регионот една недела пред самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот.

Претходна вестЗа 24 часа, починаа 12 лица и едно од пред два дена – 112 нови заразени
Следна вестИстражување на „Конрад Аденауер“: 70 отсто од граѓаните не можат да изберат најпозитивен настан во 30 години независност