Фон дер Лајен и Вархеји неделава кај нас – се засилува ангажманот на ЕУ во спорот со Бугарија

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен утре, а еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји в среда доаѓаат во Македонија.

Од најавите од Брисел се знае дека меѓудругото ќе се разговара и за сорот со Бугарија, кој го кочи почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, а исто таа индиректно е и кочница за овој процес на Албанија.

Дека може да се очекува засилен притисок врз Бугарија од меѓународната заедница најави и бугарскиот претседател Румен Радев на Форумот во Блед минатиот месец, а минатата недела и амбасадорката на САД кај нас Брнз рече дека нејзината земја ќе се вклучи во процесот.

Премиерот Зоран Заев во интервју за виенски „Стандард“  рече дека очекува придвижување во процесот до 25 декември, односно откако во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори на 14 декември, а потоа на 22 декември ќе се одржи и Советот на ЕУ.

 

Претходна вестОд граѓаните и кафеаните зависи дали ќе се олабават рестрикциите
Следна вестУапсени двајца 70- годишни мажи, измамниците избегнувале да одат во затвор