Уапсени двајца 70- годишни мажи, измамниците избегнувале да одат во затвор

Полициски службеници од Оперативен тим Потраги денеска од 9.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(69) и С.М.(70), двајцата од Скопје, по кои е распишана потерница од Основен суд Скопје 1.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  тие се приведени заради издржување казна затвор од две и од една година за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Тие ќе бидат предадени на казнено-поправна установа за издржување на казните, соопшти МВР.

Претходна вестФон дер Лајен и Вархеји неделава кај нас – се засилува ангажманот на ЕУ во спорот со Бугарија
Следна вестДоаѓа постудено време, но само до викенд