Ренова оствари убедлива 5:2 победа над Брегалница во осмото коло на Македонската прва лига, за барем привремено да избијат на првото место на табелата, додека во дербито во Струга, домаќините пропуштија водство за 1:1 реми со шампионот Шкендија.
Работнички пропушти шанса да се израмни со Ренова на првото место со 17 поени, откако Пелистер во финишот на натпреварот извлече 1:1 реми на „Градски“, додека Македонија Ѓорче Петров загуби третпат едноподруго, откако во Кавадарци Тиквеш доминираше 3:0 победа.
Попладнево во 18.30 часот во дербито, Академија Пандев го пречекува тимот на Шкупи.
ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО
Борец – Скопје 0:2
Работнички – Пелистер 1:1
Ренова – Брегалница 5:2
Струга – Шкендија 1:1
Тиквеш – Македонија ЃП 3:0
Академија Пандев- Шкупи 18.00 ч.