И вечерва како и вчера, со почеток во 20 часот, во МКЦ ќе биде прикажана драмата „Вистинскиот запад“ по текст на Сем Шепард, а во режија на Борис Василески.
Таа е номинирана за Пулицерова награда во 1983 година. Во Македонија за прв пат е преведена од Марио Стојаноски.
Улогите ги толкуваат младите Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев како и добро познатата Тања Кочовска. Сценографијата и светлото се на Мартин Манев, костимографијата на Симона Даноска, музиката на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а постерот на Ана Јачева. Извршен продуцент е Ава Хусеини.
Билети можат да се најдат онлајн, како и во билетарницата на МКЦ.