Санкционирани 184 непрописно паркирани возила во Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција, во текот на една недела санкционирале 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 20.09. до 26.09.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ биле отстранети 97 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“, биле санкционирани 87 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат од претпријатието.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и да се реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општината.

Претходна вестНов силен земјотрес на Крит
Следна вестЗемјотрес кај Кичево и околината