Земјотрес кај Кичево и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала синоќа ја потресе околината на Кичево.

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 21 часот и 17 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.8, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестСанкционирани 184 непрописно паркирани возила во Центар
Следна вестВо текот на вчерашниот ден казнети 263 возачи