Во текот на вчерашниот ден казнети 263 возачи

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле казнети 263 возачи. Од нив, 22 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Претходна вестЗемјотрес кај Кичево и околината
Следна вестКанатларовски го објави списокот на повикани фудбалери за дуелите со Фарски Oстрови и Ерманија