(ФОТО) Ќе поправаме или ќе маскираме?

Убавото време е причина граѓаните и натаму деновите да ги поминуваат надвор, особено викендите, а поради мерките кои предвидуваат сертификати за вакцинација за влез во затворени простори како кафеани и молови, најголем дел од нив се главно надвор.

Плоштадот „Македонија“ во центарот е едно од местата каде во топлите денови се собира многу народ – некои седат на клупите, некои шетаат, некои минуваат, некои се околу фонтаната. И тука всушност можат да видат каква е грижата на градските власти за јавните добрра.

Со денови во делот на подножјето на фонтаната, каде што започнуваат скалите, паднати се големи плоочки, а некаде е откинат и бетон. И наместо тоа да се санира, бидејќи е опасен за посетителите, поставени се барикади, исти онакви како што се поставуваат при протести, колку да се огради местото.

И така тоа си стои со денови.

Ако се свртите позади, пак, ќе ве дочека друга „инсталација“ – веќе осми месец плочките на некогашната подна фонтана зјаат отворени на неколку места – едното е каде што пропадна камион за чистење во март годинава.

Па да ја искористиме предизборната кампања во која се ветува се и сешто, па и магаре што лета, и да ги прашаме градските власти: Ќе поправаме или ќе маскираме?

Претходна вестПреработувачите предупредуваат на скок на цените за 50%, Бектеши вели ако треба ќе интервенираат
Следна вестВакцинирани 35% од популацијата во земјава, требаше ли да се затвори пунктот во „Борис Трајковски“?