На површината на водата од езерото Козјак вчера било пронајдено телото на Б. Л. (55) од с. Пополжани, Кичевско, кој на 25.9.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот му било предадено на семејството.